Ќе се зголемуваат казните за фирмите што немаат фискален апарат или што не издаваат фискална сметка. За ваков прекршок, според најновите измени во Законот за регистрирање на готовински плаќања, што ги предлага Владата, наместо досегашните 4.000 глобата ќе изнесува 5.000 евра. Наместо 850 евра, казната за фирма-поединец се зголемува на 1.500 евра, а толку пари ќе треба да плати и сметководителот на фирмата. Покрај зголемувањето на казните, ќе се зголемува и времетраењето на мерката - забрана за вршење дејност. Овие измени вчера влегоа во собраниска процедура, а опозицијата остро се спротивстави и запраша кои се мотивите на Владата. Дали да се наполни буџетот или да се зајакне фискалната дисциплина. Од власта одговорија дека целта на законските измени е намалување на сивата економија и еднаквост на пазарот на сите економски субјекти.
Ќе се зголемуваат казните за фирмите што немаат фискален апарат или што не издаваат фискална сметка.
За ваков прекршок, според најновите измени во Законот за регистрирање на готовински плаќања, што ги предлага Владата, наместо досегашните 4.000 глобата ќе изнесува 5.000 евра. Наместо 850 евра, казната за фирма-поединец се зголемува на 1.500 евра, а толку пари ќе треба да плати и сметководителот на фирмата.
Покрај зголемувањето на казните, ќе се зголемува и времетраењето на мерката - забрана за вршење дејност.
Овие измени вчера влегоа во собраниска процедура, а опозицијата остро се спротивстави и запраша кои се мотивите на Владата. Дали да се наполни буџетот или да се зајакне фискалната дисциплина. Од власта одговорија дека целта на законските измени е намалување на сивата економија и еднаквост на пазарот на сите економски субјекти.
„Зошто Македонија мора да има највисоки казни? Вие треба да дејствувате превентивно, а не да ги уништувате бизнисите“, рече Марјанчо Николов од СДСМ. „Оваа мерка, иако е непопуларна, значи дека сите економски субјекти ќе бидат еднакви на пазарот. Со тоа ќе се намали нелојалната конкуренција, а ќе се зголеми фискалната дисциплина“, изјави Владанка Авировиќ од СПМ.
Опозицијата обвини дека овие драконски казни не одговараат на економскиот амбиент и дека со нив ќе се затворат илјадници бизниси, а наместо да се зголемува фискалната дисциплина глобите ќе се користат за заплашување на компаниите што не се истомисленици со власта, со што Законот ќе се применува селективно. „Постои селективност, и тоа голема. Едни фирми се затвораат за минимален пропуст, а други фирми се оставаат да работат и без фискални каси“, изјави Стојко Пауновски од СДСМ.
„Неселективноста во спроведување е пример за оваа Влада, а Законот се однесува за тие што вршат платен промет, а тоа не е регистрирано никаде“, рече Драган Цуклев од ВМРО ДПМНЕ.
Според измените, повеќе од двојно се зголемени и казните, ако даночниот обврзник сака да плати веднаш, од 1.000 евра, казната сега изнесува 2.500 евра.